Кошаркарите на АВ Охрид до 18 години со четири победи во исто толку натпревари ја завршија првата полусезона во лигата со своите врсници. До тој ефект „галебите“ дојдоа после триумфот над Мега Баскет (100-38) на домашен терен.
Избраниците на Тони Стојаноски до триумфот дојдоа доминатно добивајќи ги сите четири период (27-11, 24-7, 27-14, 22-6) во мечот.
Во дуелот со Мега Баскет поентерски се истакнаа Ангел Лазаревски и Наум Стојаноски со 29 односно 28 поени, а двоцифрен учинок имаше уште Никола Анастастосoвски кој реализираше 10 поени.
Охридските кошаркари во пролетната полусезона ќе одиграат уште два натпревари во регуларниот дел сезона, а потоа ќе ги одмерат силите најдобрите екипи од истокот.
OhridNews