Од Министерството за здравство велат дека здравствената состојба на сите пациенти кои престојуваат на Инфективната клиника засега е стабилна. Во меѓувреме, никој во земјава не кажува кога точно ќе почне вакцинирањето против свинскиот грип. Единствената најава е дека вакцните се очекуваат да пристигнат во втората половина од овој месец.
Во меѓувреме, во соседството веќе бележат смртни случаи од грипот. Во Србија, починаа двајца и во некои градови веќе е прогласена епидемија од свинскиот грип. Во Украина и Грција се затворени се сите училишта, а во Хрватска неколку пациенти се борат за живот. Најлошо е во Турција каде се зголемува бројот на жртви.