Четири нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие од кои три во Скопје и еден во Битола. Направени се 2.514 тестирања. Не се евидентирани починати лица, а оздравени се 11 пациенти.

Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи е 228, oд кои 17 во Охрид.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.673. Оздравени се 149.961 пациенти, а починати 5.484. Досега направени се вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19.

OhridNews