Во последните 24 часа се направени 1297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи на ковид-19 од кои 4 во Охрид. Најмногу нови случаи има во Скопје 34, Куманово 20, Гостивар 12, Струга 3…

Починати се 6 лица, еден пациент од Охрид (56г), двајца пациенти од Скопје (63г и 80г), двајца од Прилеп (78г и 54г) и еден пациент од Штип (82г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент. Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14293, бројката на оздравени пациенти е 11014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.

OhridNews