Од денеска на бензинските пумпи ќе се продава мазут со содржина на сулфур од максимум еден процент, Еуродизел 5, кој содржи максимум 10 ппм сулфур, како и безоловни бензини од 95 и 98 октани со најмногу 35 проценти аромати и еден процент бензен.
Новите деривати се со највисок квалитет во однос на заштитата на животната редина и согласно строгите европски норми, а се воведуваат врз основа на Правилникот за квалитет на течни горива, информираше Владата.