Охриѓанецот Климент Настоски ќе паузира во наредните четири натпревари поради добиениот црвен картон во 6-то првенствено коло од елитното домашно фудбалско нтпреварување.

Настоски уште во втората минута од натпреварот Победа – Хоризонт Турново заработи црвен картон поради намерен удар со лактот.

Сепак најригорозни казни Дисциплинската комисија при ФФМ им изрече на Трендафилов Јорданчо (ФК Локомотива)и Шапов Блаже (ФК Кожуф) кои ќе паузираат на 5 натпревари.

Поради два жолти картони заработени изминатиот викенд ќе паузираат: Далибор Стојковиќ – Хоризонт Турново и Крсте Трпеноски – Напредок.

ohridnews