Дисциплинската комисија при ФФМ, на фудбалерот на “лавовите” Амбурет, му изрече казна за забрана за настап на пет натпревари, поради црвениот картон добиен на натпреварот со Ренова во Тетово.
Сепак, денеска комисијата за молби и жалби при националната фудбалска куќа одлучи одлуката на Дисциплинската комисија во случајот “Амбурет” да се преиначи и фудбалерот на скопскиот прволигаш да се казни со забрана за настап на четири првенствени или куп натпревари.