Охридскиот фудбалски клуб стави неколку нови и значајни коцки во играчкиот мозаиок за следната сезона во Втората македонска фудбалска лига откако ги продолжи договорите со младите фудбалери Кипријан Петрески, Александар Ѓорѓиески, Михаил Ристески и Славе Маркоски.
Четворицата фудбалери добиваа свои шанси во текот на минатата сезона а следната би требало да имаат уште поголема минутажа. Најмногу играше Ѓорѓиески кој често успеваше и да се запише во листата на стрелци. Во ротацијата учествуваа останатите тројца фудбалери.
„Рибарите“ до сега ги продолжија договорите со Игор Клечкароски, Раиф Мирселоски, Ромео Кочоски и Александар Бакулески, Бурхан Алији и Љупче Трпески, а во најбрзо време треба да официјализираат некој нов играч.
OhridNews