Ако не пиете многу вода дневно, кожата ќе ви се обеси и ќе изгледа суво.
Да, треба да водите сметка за доволно внесена количина на вода за правилното функционирање на органите, но, не треба да се грижите дека ако прескокнете некоја чаша вода тоа ќе влијае на вашиот изглед. “Ниедна количина на вода нема вашата кожа да ја направи сјајна“, истакнува дерматологот Дејвид Бенк. “Само нанесувањето на хидратантна крема е најважно за да имате сјајна кожа“.
Спиење со нечисто лице ќе ја оштети вашата кожа
“Ако повремено заспиете со шминка на лицето, тоа нема да направи големи проблеми“, вели др. Бенк. Но, со оглед на тоа дека дури 48% од жените велат дека тоа е нивниот најголем грев кога е во прашање убавината, не би било лошо над ноќната масичка да се чуваат марамчиња за чистење на лицето. “Ако ништо друго“, додава дерматологот Ерик Беркович, “свртете ја перницата од другата страна, за нечистотиите од претходната ноќ да не завршат повторно на вашето лице.“
Мрсната храна предизвикува појава на акни
“Мрсната храна нема да предизвика појава на акни, освен ако таа храна не заврши на вашето лице“, вели дерматологот Марни Нусбаум. Новите виновници се млекото и рафинираните јаглени хидрати. Истражувањата сугерираат дека таа храна го зголемува излачувањето на хормони, што предизвикува производство на маснотии и затнување на порите. Размислете за тоа да го намалите нивниот внес.
Поголема количина е подобро
Старата школа вели: На сувата кожа треба да се стави многу хидратантна крема, или често да се мие мрсното лице со средство против акни. Но, тоа не е точно. Кожата нема да го впие преголемото количество крем, а пречестото миење само го зголемува производството на масти.