Составот на Џенова, благодарание на Горан Пандев со минимални 1-0 го совлада тимот на Каљари на домашен терен и освои три драгоцени бодови во борбата за опстанок во италијанската Серија А.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација за неполни четири минути ја покажа својата играчка големина. Во 39-та минута влезе во игра на местото од повредениот Џиглионе, а во 43-та минута веќе на семафорот беше 1-0 за домаќините. Центаршутот на Пандев од 20-тина метри заврши во мрежата, откако никој фудбалер на успеа да игра со топката.
Со пожртвувана игра во одбрана, Џенова, во второто полувреме го задржа минималното водство и запиша големи три бодови на табелата во Серија А. Џенова стигна до три бодови негатива од тимот на Лече кој изненадувачки славеше со 3-2 кај тимот на Наполи.
Goran Pandev scores!
Hes only been on the pitch 4 minutes but he was able to put his side 1-0 up against Cagliari after his cross finds its way into the back of the net.
— Football Macedonia (@MacedonianFoot) February 9, 2020
Вечерва во рамките од 23-та рунда во Серија А ќе се одигра големото дерби помеѓу градски ривали Интер и Милан. „Нероазурите“ со триумф ќе се изедначат со Јувентус на врвот од табелата, додека „росонерите“ ќе атакуваат на победа и прекинување на низот без триумф во градските пресметки.
OhridNews