Против Брус Вилис и неговата продукциска куќа покрената е тужба тешка четири милиони долари за кршење на договор.

Тужбата ја покренале три продукциски куќи, „Foresight Unlimited“, „Signature Entertainment Group“ и “Three Stories Productions“, кои заедно со куќата на Брус потпишале договор за снимање на филмот “Three Stories About Joan”. Ѕвездата на филмовите “Умри машки“ и “Син Сити“ требало да го режира споменатиот филм и да одигра една од улогите, но, според обвинението, Вилис самоволно ја напуштил режисерската столица.


Хари Градстајн, адвокат на компаниите кои го тужат Вилис, вели дека се ќе се реши на суд, додавајќи дека нема коментар, додека адвокатот на обвинетиот сеуште нема дадено изјава за медиумите.