Секоја година носи нешто ново, а секое годишно време е своја приказна. Особено во модата и се што е поврзано со неа. Есенско/зимските колекции се претставени на бројни ревии, а визажистите низ мејк-ап моделите на ревиите од познатите светски дизајнери ги најавија овогодинешните интересни зимски трендови.
1. Природна убавина
Кожата треба да изгледа здраво и свежо, косата треба да се тргне од лицето, а подлогата треба да биде лесна и речиси незабележителна. Со секојдневната нега и здравата исхрана со доволно количина вода обидете се да одржите што посвеж изглед. Кога нанесувате шминка, секако ставете основа, а пудрите нека бидат лесни, со проѕирна текстура и ладни нијанси. За дневно издание пудрата заменете ја со ББ или ЦЦ крем.
2. Се во едно
Бојата на кармин, сенка и руменило треба да биде иста или многу слична. Карминот може да послужи и како руменило, само нежно натапкајте го под јаболчниците и лесно, кружно, со помош на сунѓерче или со прсти нанесете го како руменило. На внатрешниот дел од усните може да нанесете посветла боја на кармин, доколку користите посветло руменило и сенка, а така и визуелно ќе постигнете изглед на полни усни. Ако сакате да користите потемно руменило и потемен руж, само на надворешниот дел од капакот нанесете потемна сенка.
3. Бојата е – праска
Хит боја во мејк-ап светот оваа сезона е бојата на праска. Особено за денскиот мејк-ап изглед. Не мора да купувате нови кармини, туку може да ги комбинирате портокаловата и розевата кои веќе ги имате, важно е да ги нанесете еден по друг во тенок слој и да не се двата кармини мат (оној кој е мат секогаш ставајте го прв). Розевото руменило со малку бронзер на светлиот тен ќе даде боја на праска. Обратно, на темен тен, сенката се препорачува во нежна боја на праска, а со малку светки, очите ќе изгледаат совршено.
4. Набавете мат кармин со боја на слива, боровница и(ли) црно вино
За празниците што доаѓаат, се препорачува благ мејк-ап на лицето со впечатлива боја кармин што изгледа многу свечено. Усните пред нанесувањето на кармин потребно е да ги исцртате со моливче за карминот да биде нанесен рамномерно по обликот и внатрешноста на усните. Недостатоците од неспретното нанесување на темен кармин јасно се гледаат па бидете внимателни и прецизни. На усните пред нанесувањето на карминот нанесете малку течна пудра за подобра постојаност.
извор:www.moda.hr