– Екипите за спасување на вода извлекоа четири капачи со хипотермија (намалена телесна температура) од кои три посериозни случаи. Сите се соодветно згрижени, а двајца од нив се задржани во охридската Општа болница. Ниту еден од овие случаеви немаше поголеми последици врз здравјето – изјави Сашо Точков, претседател на општинската организација на Црвениот крст.
Сашо Точко
Капачите, потврдија дека годинава температурата на водата во езерото била пониска од претходните години, а исто така како резултат на обемните дождови и снег кои наврнаа претходните месеци, забележително било зголемено и нивото на езерото.