Една златна, една сребрена и две бронзени медаљи за охридските стрелци на меѓународниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје, што се одржа викендов во Бугарија.
Во конкуренција на јуниорки 1 место за Нина Балабан со резултат од 404,2 кругови. Во конкуренција на млади јуниорки, до 15 години, Јана Маркоска се пласира на втората позиција со резултат од 388 кругови, што воедно претставува и нејзин нов личен рекорд.
Третата позиција во категорија на јуниори и јуниорки им припадна на Мартин Гоџоски (572,4) и Ангела Алексовска (384,2).
Ohridnews