Димитар Камнаровски освои три сребрени и еден бронзен медал на големиот митинг кој се одржа во германскиот град Нојс.


На митингот учествуваа 560 пливачи од Германија, Холандија и Луксембург, а медалите Камнаровски ги освои на кратките патеки.

На долгите патеки Камнаровски имаше време под своите можности, но причина е повредата која ја влечи цела година.

Камнаровски има проблем со градниот кош и мускулите кои неможат да ја пратат неговата висина која достигна 1.90 метри за 14-годишно дете.

Ohridnews