Четири каратисти од клубот Макпетрол заминаа за Фуџаирах, Обединети Арапски Емирати каде од 18 до 20 февруари ќе настапат на Светската Премиер лига. За Фуџаирах заминаа Петар Заборски -75 кг, Петар Спасеновски -84 кг, Симона Заборска -55 кг и Ангела Мојсовска -68 кг, сите тие ќе ги браната боите на Македонија во конкуренција на најдобрите рангирани 342 каратисти од 55 држави, соопштија од КК Макпетрол.
Заборска е најискусна, во досегашната спортска кариера има остварено многу високи пласмани од учествата во светските Премиер лиги.
Ова е почеток на сезоната за оваа година и ќе се обидам да направам добри борби, првенствено за да го поправам бодовното салдо на светската рејтинг листа, и да се наметнам како квалитетна спортистка за да можам да учествува на најелитните натпревари во текот на целата година.
Непосредно пред заминувањето тренерот и натпреварувач на Макпетрол, Петар Заборски изјави:
Ова ќе биде прв турнир во 2022 година од најелитното карате натпреварување во лига системот на натпреварување во организација на WKF (Светската карате федерација). Главен услов за да учествувате на ова натпреварување е да бидете во ТОП 50 каратисти на Светската ранг листа, затоа ние имаме и привилегија да настапиме на овој силен турнир.
Мојсовска е нашата најдобро рангирана каратистка на Светската рејтинг листа изјави дека ќе настапи во полутешка категорија -68 кг кај девојките и ќе направи се за да се престави во најдобро светло на почетокот на натпреварувачката сезона.
Спасеновски кој ќе настапи во полутешка категорија или -84 кг, тој изјави дека е одлично подготвен и дека сака во најмала рака да го постигне или повтори успехот кога во 2020 година на тогашната светска премиер лига која се одржа во Дубаи, се бореше за бронзениот медал, од ОАЕ има одлични спомени.
На првенството ќе има огромна конкуренција, односно ќе учествуваат најдобрите светски сениори-ки во секоја тежинска категорија Тоа што е карактеристично за ова натпреварување е што од оваа година воведени се и нови правила за пријавување и настап на оваа лига. Тоа се ограничен број на спортисти кои настапуваат и од досегашните 64, сега се намалени на 32 каратисти во секоја категорија. Сите тие ќе бидат поделени во 8 (осум), групи по четворица спортисти, и во елиминацискиот дел секој ќе има по три задолжителни борби, и потоа следи четвртфиналето, полуфиналето и финалните борби.