Три лица на возраст од 24 до 30 години, го изгубија животот на плажата Порто Ново во Зврнец во албанскиот град Валона, со што бројот на загинати во текот на денот се зголеми на 4, jaвува телевизијата Алсат М. Меѓу жртвите е и Бењамин Ферати, 24 годишник од Тетово.
Трагичниот настан се случил кога една од девојка почнала да се дави во морето, а други двајца отишле да ја спасат, по што и самите се удавиле. Претходно, во текот на денот, во морето кај Валона се удавило 14 годишно дете.
OhrdNews
извор: Алсат М