На подрачјето на СВР Охрид, во периодот од 16.04.2009 година до 21.04.2009 година, регистрирани се четири кривични дела „Кражба“ и десет кривични дела „Оштетување“. Во анализираниот период, случени се четири нарушување на Јавниот ред и мир и три сообраќајни незгоди со предизвикана поголема материјална штета. По преземени мерки, полициските службеници приведоа тројца сторители на едно кривични дела „Кражба“.

На станичното подрачје Струга, случени се едно кривично дело „Тешка кражба“ едно кривично дело „Кражба“ и две  кривични дела „Одземање на патничко моторно возило“. Во истиот период случени се едно нарушување на јавниот ред и мир и три сообраќајни незгоди.

извор:СВР Охрид

Ohridnews