Новопечениот младински репрезентативец, Стеван Глигоријевиќ, охриѓаните Антонио Донески и Петар Бојовски и Бранко Јанески и следната сезона ќе го носат дресот на кошаркарскиот клуб АВ Охрид.
Сезоната која доаѓа за Донески, Бојовски и Јанески ќе биде трета меѓу „галебите“, додека младиот Глигоријевиќ ќе ја започне втората во охридскиот клуб.
Со потпишувањето на новите договори управата на кошаркарскиот клуб почнува со финалните подготовки за следната сезона.
„Галебите“ во дебитанската сезона во Првата лига ја исполнија главната цел изборувајќи опстанок.
OhridNews