Во Британија, на 4 години затвор е осудена 40-годишна жена која го исценирала сопственото киднапирање, па полицијата на истражување на непостоечки злостор потрошила 316.000 фунти и 7.000 часови работа.
Михаела Бритон себе си се врзала и се исекла со нож, за да биде нејзината приказна поверодостојна, а си ја убила и сопствената мачка. Таа тврдела дека киднаперите поседуваат снимка од сексуален однос со нејзиното поранешно момче кое работи во британска антитерористичка единица, а за неа бараат 10.000 фунти.
На крај се докажало дека Михаела и нејзиното момче измислиле се, за да можат од осигурувањето да извлечат 40.000 фунти.