Порталот за онлајн продажба „kelepur.mk“ денеска одбележува 4 години постоење. За овој период компанијата успеа да обезбеди околу 8.000 свои корисници, 16.500 facebook фанови, да продаде 34.000 купони, и да понуди 2.000 најразлични производи и услуги. Тоа е причина повеќе „kelepur.mk“ и во наредниов период да обезбедува интересни понуди за своите корисници по најповолни цени. – велат од компанијата.
„Kelepur.mk“ е прва интернет страница којашто направи револуција во „online“ купување во охридско – струшкиот и битолскиот регион и нуди производи и услуги со ексклузивни попусти дури до 90%. Понудите се во повеќе категории меѓу кои убавина и здравје, храна и пијалаци, спорт и рекреација, забава и многу други.
Бидете и понатака пријатели на „kelepur.mk“, заедно да креираме успешни приказни во кои актери ќе бидат задоволни трговци и задоволни потрошувачи!-им порачуваат на своите клиенти од компанијата.
До наредниот јубилеен пети роденден од компанијата ветуваат многу изненадувања.
OhridNews