На денешен ден пред точно 4 години на булевар „Туристичка“ почна со работа специјализираната “куќа“ за печено пиле “Чикен Хаус“. Со високиот квалитет на услуги “Чикен Хаус“ се наметна на пазарот издвојувајќи се од конкуренцијата.
Нивниот специјалитет печено пиле, подготвено на оригинален начин според уникатен рецепт, е надалеку препознатлив, а на купувачите е да изберат дали сакаат мало, големо, цело или пола.
На почетокот љубителите на пилешко беа привлечени со единствениот квалитет на “Чикен Хуас“ кој не само што остана непроменет низ годините, туку постојано се одржува и подобрува. Тука се и единствените рецепти на куќата на други пилешки специјалитети како: пилешки стек, ражниќ и многу бараниот чикенбургер. А, може да си направите и своја комбинација од пилешко, сок и помфрит по цена значително пониска од регуларната.
“Чикен Хаус“ мисли и на учениците. За нив нуди “школско мени“ со прилагодени цени на сите тостови како и помфрит.
Квалитетот и посветеноста во работата резултираше со формирањето ланец на “Чикен Хаус“ и низ другите поголеми градови во државата.
По повод четиригодишното постоење во “Чикен Хаус“ денес ( петок ), сабота и недела, за секое купено печено пиле добивате гратис еден пијалак.
Среќен роденден „Чикен Хаус“!
OhridNews