Под мотото “Ваше барање, наше решение“ Aгенцијата за недвижности и маркетинг БИЛБОРД ќе го одбележи четвртиот роденден.

Како агенција на пазарот за недвижности, тимот на БИЛБОРД во изминатиот период се соочи со низа предизвици кои постојано водат кон барање и изнаоѓање на нови начини за понуда и промоција на недвижности во Охридскиот регион.

БИЛБОРД континуирано работи за да го олесни и поедностави пребарувањетo на недвижен имот.

Постојаното развивање на технологијата и се пошироката достапност на интернетот овозможува воведување на современи методи за промовирање на недвижноста. За таа цел агенцијата освен стандардното фотографирање изработува и 360° виртуелни тури, 3Д планови и скици на недвижниот имот.

Виртуелната тура му овозможува на потенцијалниот клиент со само еден клик или допир на екранот да се движи виртуелно во просторот.

На овој начин потенцијалниот клиент може полесно да го истражи и визуелизира секој дел од просторот. За да биде надополнета и формирана целокупната слика, помагаат и 3Д планот и скицата во кои подетално се опишани распоредот и квадратурата на секој дел од внатрешниот простор со што секој клиент би можел да размисли за можностите за уредување на истиот. Така клиентот освен со детални информации се стекнува со првична слика за недвижниот имот кој понатака би можел да биде дел од неговиот потесен избор за разгледување.

Агенција „Билборд“

Како новина, воведена е опција за пребарување по локација за што е изработена 360° виртуелна тура на градот Охрид со дрон, со акцент на населбите и поважните објекти, а со цел полесно ориентирање на потенцијалниот клиент во просторот.

Професионалниот и детален пристап овозможува заштеда на време во пребарувањето и полесно утврдување на критериумите кај клиентите.

За подетално да се запознаете со работата и понудата на агенцијата, може да ја посетите нивната официјална веб страна, fb страна, како и instagram профил или појдете во канцеларијата на компанијата која се наоѓа на ул. „Дејан Војвода“ бр.8, веднаш позади Охридска банка.