Затворот во Балтимор, во американската држава Мериленд, станал вистинско гангстерско гнездо во кое со години се извршувале криминални работи, како трговија со дрога и перење пари. Доказ за несериозноста во казнено-поправните установи е и фактот што четири чуварки останале бремени со исти затвореник. Според медиумите, затворот во Балтимор излегол од својата контрола. Во него се ведрлие и облачеле членовите на бандата “Blek gerila” која развила трговија со дрога и многу доходовна операција за перење пари. Овој паралелен пазар бил воспоставен со помош на 123 корумпирани чувари, повеќето жени, кои сега се наоѓаат во групата од дваесетина обвинети.

Подмитените чувари на членовите на бандата им носеле разни забранети предмети, како што се мобилни телефони и лекови. Можда најшокантен е фактот што четири од чуварките останале бремени од истиот затвореник, извесен Трејвон. Две дури и го истетовирале неговото име на вратот и зглобот на раката. Бандата “Blek gerila” е основана во шеесеттите години од минатиот век во Калифорнија. Денес има свои „филијали“ нис сите држави во САД, посебно во големите градови. Оваа ситуација во затворот во Балтимот траела од 2006 година.