Охридските ракометари по победата над Радовиш 21-17 направија скок од четири места на табелата во Супер лигата и сега се наоѓаат на шестата позиција.

Триумфот на Радовиш за охриѓани можеби ќе значи и опстанок во елитниот ракометен крем бидејќи ќе ги пренесат трите бодови во разигрувањето.

До крајот на првенството избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски ќе одиграат уште два натпревари со Зомимак во гости и против Металург Јуниор на домашен терен.

Резултати : Охрид – Радовиш 21-17, Овче Поле – Металург јуниор 18-33, Пелистер – Преспа 32-18, Куманово – Текстилец 28-25, Пролет – Зомимак М 27-27

Табела :  Зомимак М – 43 бода, Пролет 40, Металург јуниор 28, Пелистер 28, Радовиш 24, Охрид 15, Преспа 13, Текстилец 13, Овче Поле 12, Kуманово 12.

Мх.П.