Четири бода им се потребни во последните три рунди на охридските бели, за да стигнат до посакуваната промоција во првата лига. “Рибарите“ првата “меч“ топка ќе ја имаат попладнево на СРЦ “Атина Бојаџи“ и тоа против претпоследно пласираниот Новаци. Натпревар кој едноставно мора да се добие, и се освен победа за избраниците на Ѓорески ќе биде еднакво на дебакл.


По Новаци, “рибарите“ гостуваат кај претендентот за висок пласман Беласица, која пак поради суспензијата ќе ги угости охриѓани без публика. Последниот натпревар кој може, но не мора да биде одлучувачки се игра на градскиот стадион во Охрид, каде ќе се судрат двата охридски второлигаши.

Охрид Лоте во моментов е на сигурна оддалеченост од струшки Влазними, но теоретски им се потребни уште пет бода за и в година да бидат дел од второлигашкото друштво. Во прилог на “градежниците“ оди и тешкиот распоред на Влазними кој во последните две руни игра со Тиквеш односно 11 Октомври.


Многу дилеми избраниците на Трифуноски, може да решат уште денес на гостувањето кај Дрита, но како сигурен погодок им е пикиран мечот со Новаци в недела. Со полн погодок на еден од овие два меча мечот со Охрид во последната рунда ќе биде чиста формалност.

Двојки среда, 18 мај 2011 (17.00 часот)
Охрид  –  Новаци, Дрита – Охрид Лоте ,11 Октомври – Риниа, Тиквеш – Влазерими, Еуромилк – Влазними , Локомотива – Миравци, Беласица – Цементарница

Табела: 11 Октомври 50, Охрид 47, Тиквеш 42, Миравци 40, Беласица 39, Ринија 35, Еуромилк 31, Дрита 29, Охрид Лоте 26, Локомотива 24, Влазерими 24, Влазними 22, Новаци 19, Цементарница 19

М.П.