Атлетскиот клуб Охрид ќе има четири свои преставници во репрезентацијата за Европското тимско првенство кое ќе се одржи на 10 и 11 август на Арената „Тодор Проевски“ во Скопје.
Јован Стојоски, Блаже Љушев, Стефан Стефаноски и Марија Јовановска се четири претставници од охридскиот клуб кој ќе биде дел од репрезентацијата.
Стојоски ќе се натпреварува во дисциплините 100, 200 и 400 метри и во штафетата 4*100 метри, Љушев ќе биде дел од 100 и 110 метри со пречки и скок во далечина а ќе биде резерва во штафетата 4*100 метри. Стефан Стефаноски силите ќе ги испроба во фрлање диск. Јовановска ќе трча на 100 метри и ќе биде дел од штафета тимот на 4*100 и 4*400 метри.
Од Атлетската федерација на Македонија повикуваат гледачите да дојдат во што поголем број и да ги бодрат атлетичарите во борбата за повисок пласман.
OhridNews