Втората екипа на Вардар предводена од македонскиот ракометен виртуоз Пепи Манасков в среда во „Билјанини Извори“ (19:30ч) ќе ги одмери силите со тимот на Охрид.


„Гладијаторите“ во четирите одиграни натпревари во контролниот период имаат исто толку победи, а дуелот со „вардарци“ ќе биде нов испит за силата и квалитетот.

Пред охриѓани подклекна прволигашот Работник, а „сините“ подобри беа од Пелистер, Радовиш и Прилеп на меморијалниот турнир во Прилеп на кој Охрид го освои првото место.

Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски ќе одиграат уште неколку контролни средби пред почетокот на Супер лигата кој е закажан за 19/20 септември.

Мх.П.