Во саботата на 26 мај 2007 година, по повод Светометодиевите денови се празнуваше и чествуваше во Елванген, јужна Германија, градот во кој Св. Методиј бил две ипол години во затвор.

Со молебниот во чест на Св. Методиј чиноначалствуваше Митрополитот Европски Г. Пимен во парохиското свештенство.

На молебниот присуствуваа градоначалникот на општина Елванген, потоа амбасадорот на Република Македонија во Германија, д-р Ѓорѓи Филипов, директорот на комисијата за иселеништво Васил Наумов и преставници на повеќе црковни општини од Германија.

Во продолжение, на Методоевиот плац, се одржаа поздравни говори од градоначалникот на Елванген, амбасадорите на Македонија, Бугарија, како и од преставници на Чешка и Словачка, каде што се положија венци свежо цвеќе на спомен – плочите на Св. Методиј.

Чествувањето продолжи со пригодна забава во организација на општината домаќин Св. Кирил и Методиј, Штудгарт.

Богослужба одржана и во Минхен

Во Македонскиот православен црковен центар за јужна Германија, на 27 мај оваа година, беше одржана Света Литургија по повод нашиот патронен празник.

На богослужбата чествуваше Митрополитот Европски Г. Пимен и нашиот парохиски свештеник отец Миле Велјановски.


Од литургијата одржана во Минхен

Во добра атмосфера и преполна сала се одржа светата Литургија, а исто така беше промовирана и ликовната изложба на нашите најмлади ученици од Македонското православно верско училиште во Германија, во Минхен, кое го води парохискиот свештеник, отец Миле Велјановски во соработка со црковниот одбор.

После богослужбата се одржа свечена прослава во црковната сала со нашиот познат музичар Зоран Адамовски, кој се погрижи за пријатно расположение.

Ваш редовен читател,

Саше Баловски,

Минхен, Германија