Патрониот празник на Охрид Свети Климент Охридски годинава за прв пат се прославува интернационално и повеќе дена. Покрај градските свечености кои отпочнаа со портрет на Вангел Деребан, Свети Климент се чествува и во Њујорк каде присуствува делегација на локалната самоуправа.

Во присуство на голем број гости, почитувачи на културата, љубители на уметноста, претставници на културниот и општествен живот на Њујорк како и македонски иселеници и бизнисмени, синоќа на Менхетен во Њујорк беше отворена изложба на фотографии од Зоран Велјаноски Летра. Изложбата ја отвори градоначакникот на Охрид, Александар Петрески. Меѓу видните гости на отворањето на изложбата беа и почесниот Конзул на Македонија во САД, Ѓорѓи ТОМОВ и угледниот професор Нестор ОГИНЕР.

На отворањето на изложбата која е централниот настан во чествувањето на Свети Климент Охридски-Патронот на Охрид во Америка, Амбасадорот Јордан Плевнеш беседеше за Македонија и македонскиот јазик и култура.


фотографиите на Зоран Летра

Отворањето на изложбата уметнички фотографии со мотиви од Охрид и Преспа што се случи синоќа во КУПЕР Центарот за наука и уметност во Њујорк, како значаен настан за тамошниот културен живот го одбележа, и угледниот „Њујорк Тајмс“.

Во рамките на чествувањата во Охрид, попладнево ќе се одржи промоција на книгата поезија “Играјте местово е свирено” од Иван Паунчев ( Салон на уметностите во НУ Центар за култура “Григор Прличев” 17ч.). Денешните чествувања ќе бидат заокружени со промоцијата на на книгата “ Народни кажувања” од Трајко Најдески, што ќе се одржи во  Прличевата одаја во НУ градска библиотека “ Григор Прличев” во 19ч.

Г.Момироски