По повод празникот посветен на Свети Наум Охридки-Чудотворец, вечерва , 2 јули-понеделник, со почеток во 19 ч. во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува неговото високо-преосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со повеќемина свештенослужители.
На 3 јули (вторник) 2007 година, во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, на празникот на Преподобен Наум Охридски Чудотворец, ќе се служи света архиерејска литургија на која Ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со митрополитите Тимотеј и Наум, и со повеќемина свештенослужители со почеток во 9.00 часот.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.