Пред споменикот на илинденските борци во Велгошти, вечерва ќе се одржи централната прослава на Илинден за Охрид.  На свеченоста која започнува во 20:30ч. свое обраќање ќе има градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на КУД „Илинден“, по што ќе се одржи свечен коктел.

На 2 Август – Илинден,  делегација на градот, здруженија и организации ќе положат свежо цвеќе во градскиот парк, спомен обележјето на паднатите борци, градските гробишта и на спомен обележјето кај Прентов мост. По повод празникот свечено во употреба ќе бидат пуштени и седум улици во градот.

ohridnews