Денеска напладне, од 12 часот, во организација на фондацијата “Ангеп Петров” и Општина Велес, во ОУ “Кочо Рацин”, во Охрид, со ликовна постановка на дваесет Рацинови портрети од Ангел Петров, се заокружува културната иницијатива: Осумдесет години ”Бели Мугри” од Кочо Рацин.
Изложбата, досега, посети повеќе училишта кои го носат Рациновото име низ земјата. Беа посетени: СУ “Кочо Рацин” од Свети Николе, ОУ “Кочо Рацин” од Петровец, ОУ ”Kочо Рацин” од Куманово, ОУ ”Кочо Рацин” од село Блатец, виничко и ОУ ”Кочо Рацин” од Нов Дојран.
Во културната иницијатива учество зедоа повеќе од 3000 посетители – ученици. Од нив педесеттина беа наградени ученици од литературниот и ликовен конкурс: Осумдесет години ”Бели Мугри” од Кочо Рацин“. Организатот, фондацијата “Ангел Петров”, од Велес, за најдобрите обезбеди благодарници и книги.
– Дали оваа културна иницијатива, односно ликовна изложба ја постигна едукативната цел кај учениците? Секако – да, за што зборуваат големиот интерес, посетеноста и вниманието што го доби изложбата, како и уште поголемото учество на распишаните конкурси – литературен и ликовен, појаснува Светлана Петрова од фондацијата “Ангеп Петров”.
OhridNews