По повод празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, од СВР Охрид упатуваат искрени честитки до сите граѓани и желби за среќен и долговечен празник.
– Почитувајќи ги вековните идеали и стремежи за слобода на македонскиот народ, како демократска и професионална институција, доследно ја продолжуваме борбата за изградба на стабилен безбедносен систем и ефикасно справување со криминалитетот. Работиме неселективно, законски и етички, имплементирајќи ги современите Европски стандарди за полициско работење и проактивен пристап со јавноста. Посветени сме кон почитување и зајакнување на човековите права и слободи и блискост со граѓаните и го даваме нашиот придонес во зацврстувањето на Република Македонија како правна, модерна и безбедна Европска земја, се наведува во честитката од СВР Охрид.
Честитка по повод Денот на Македонската револуционерна борба упатуваат и од општинската ВМРО- Народна партија.
– Она што предците се избориле за ние да го живееме денес, не смее да биде заборавено и запоставено. Нивната борба за слобода и нивниот придонес за нашата татковина треба да бидат патоказ и пример за борбеност на еден народ. Придонесот на оние кои ни овозможија да ја живееме сегашноста никогаш нема да биде заборавен. Иако со многу тешкотии, и денес мораме да го продолжиме патот кој тие го започнале, се вели во честитката од ВМРО- НП.
OhridNews