Десетгодишниот Давид Крстески член на теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец – Охрид се закити со златен медал во категоријата спаринг борби до 10 години на престижниот турнир „Бугарија Опен“ кој се одржа во Пловдив.


Крстески, првото место го освои доминатно во конкуренција од 16 натпреварувачи од 11 земји. За новиот дострел младиот теквондист честитки доби од сите тренери и од претседателот на Европската ИТФ, Гранд Мастер Мајкл Пруит и генреланиот секретар, Сениор Мастер Гери Милер.


Охридскиот клуб на меѓународниот турнир на кој учествуваа репрезентативците и потенцијалните репрезентативци освои уште четири одличја од кои едно сребро и три бронзени.

Покрај десетгодишниот Крстески со медали се закитија Јане Димов-сребро во категорија спаринг-борби 14-15 години до 75 килограми, Александар Јованоски-бронза спаринг-борби сениори до 71кг, Јана Спасеска-бронза спаринг-борби до 14 години и до 60 кг и Ангела Јовческа-бронза спаринг-борби до 51 кг.


„ХВА РАНГ ИТФ“ со новите успеси на турнирот во Пловдив покажа дека работи по вистинскиот терк и допрва од клубот ќе излегуваат шампиони од светски размери.

OhridNews