По повод големиот празник на српскиот народ Св. Сава, честитки до припадниците на српската етничка заедница во Охрид, упатија градоначалникот на општина Охрид Александар Петрески и претседателот на Советот  Душко Јаковчески.

-Дозволете во име на Општина Охрид на сите припадници од српска националност да упатиме честитки  по повод  одбележувањето на  27- ми  јануари , Денот на граѓаните од српска националност со желби за многу здравје, среќа и успех. Живеејки во свет кој упатува на почитување на културни те и јазичните  вредности на  етничките заедници сакаме да го искажеме нашето задоволство што Вие како етничка заедница сте дел од ова мултикултурно и мултиетничко општество. Вашиот празник  поминете го во мир и благосостојба, во знакот на меѓуетничко почитување и огромен понатамошен успех во интегрирањето на Србите во Република Македонија – стои во честитката до српската етничка заедница во Охрид.