Општинската прес служба соопшти дека по победата во вториот круг на локалните избори за градоначалник на општината, до актуелниот градоначалник, пристигнуваат бројни честитки од партнери, колеги,стопанственици и граѓани од земјата и странство за остварениот успех.
Меѓу првите, честитка упатил ЕУ- Амбасадорот Ерван Фуере, кој како што се истакнува во соопштението, нагласил дека со спрвоведувањето на фер и демократски избори Охрид бил внесен во демократска Европа. Меѓу бројните честитки биле и тие од светски познатиот академски сликар, историчар на уметноста и вљубеник во Охрид, професор Винченцо Бјанки и градоначланикот на Поградец- Република Албанија, Артон Шкемби.
Во својата честитка, градоначалникот на соседен Поградец, г-дин Шкемби, меѓу другото го изнесува своето убедување „дека победата ќе значи уште подобар иден развој на Охрид и ќе биде од голема полза за соработката меѓу двата крајезерски града“ .
„Почитуван градоначалник, Во името на Уставниот суд на Република Македонија и во мое име, Ви го честитам изборот за градоначалник на Охрид и ви посакувам успех во извршувањето на оваа одговорна функција“ – се вели во честитката од претседателот на Уставниот Суд, г-дин Трендафил Иваноски.
Најискрени честитки за победата и желби за успех во вториот мандат упати и доаенот на македонската естрада и музичкото творештво, Димитар Масевски, како и заштитниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на Љупчо Божиноски – информираше општинската прес служба.