Објективното и професионално новинарство на електронскиот весник Охридњуз ,е  причина , вториот роденден на овој интернет портал да се  награди со Светиклиментова повелба за 2008 година.Честитки за новинарскиот тим и вашите соработници за професионално, објективно и навремено известување за сиде збиднувања во рибарството. Вашето доследното информирање за сите активности на спортските риболовци, придонесе за  развој на рекреативниот риболов , и афирмација риболовниот туризам во Охрид . Рибарски е да ви посакаме БИСТРО во новинарски електронски води,  посакуваме  да ви се множат заслужени награди.

Претседател на управен одбор на СРК Св.Апостол Петар
Радован Димитриевски

Ви упатуваме искрени честитки за Светиклиментовата повелба и за двегодишното опстојување. Воедно Ви благодариме за Вашето внимание и третман на актуелностите поврзани со заштитата на животната средина. Вашиот весник во изминатиов период беше и се надеваме ќе остане во идинина поле на кое ќе се судираат разновидни гледишта од сите сфери од живеењето. Многу од нив се нераскинливо поврзани со животната средина за кои ‘Грашница” сигнализира благовремено со Ваше посредство. Она што нé радува е што голем број од нив се решени затоа што добиле актуелност преку OHRIDNEWS.

Ви пожелуваме уште многу јубилеи и признанија ценејќи ја Вашата точност, навременост и објективност.

ЕД Грашница