Охридскиот градоначалник денеска во просториите на општината организираше прием за освојувачот на кошаркарскиот куп охридскиот Амак СП.
Градоначалникот го истакна задоволството од тоа што Охрид по долги години доби куп освојувач, и напомена дека примерот на компанијата Амак Сп треба да го следат и останатите охридските стопанственици. По повод големиот успех, Петрески во име на општината на сопственикот на КК АМАК СП, Венко Шапкар, му врачи чек во вредност од 300 000 денари.
Преседателот на клубот Венко Шапкар, го истакна задоволството од соработката со локалната сампуправа и напомена дека ваквите призанија ќе бидат дополнителен потсрег за клубот во иднина.
Честитки и чек од 300 000 денари од општината за освојувачот на купот