Кошаркарот на Црвена Ѕвезда, Перо Антиќ и еден од најдобрите актери на балканските простори, Никола Ристаноски се приклучија во многуте познати личности кои испратија честитки до охриѓани за организацијата на спортскиот хепенинг со хуманитарен карактер и поддршка за Јане Велкоски.

8-годишниот Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија верува дека еден ден ќе оздрави и ќе има можност да заигра како својот идол Кристијано Роналдо. 

Спортско-хуманитарниот настан во Охрид ќе се одржи в недела со почеток во 11 часот и 30 минути во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“. 

OhridNews