По повод денешниот празник Рождество Христово –  Божик, според Грегоријанскиот календар, Градоначалникот на Охрид Александар Петрески,  на своите сограѓани од католичката вероисповест им упатува срдечни честитки со желби за среќа, здравје, христијанска љубов и благосостојба.

Ви посакувам на сите вам Божиќните празници да ги минете во пријатна атмосфера во вашите домови исполнети со љубов и разбирање кон вашите најблиски и со желба за сограѓанска почит и толеранција, а за доброто на нашиот убав град и сите нас во локалната заедница – истакнува градоначалникот Петрески.   

Според Грегоријанскиот календар, на денешен ден бил роден Исус Христос, Син Божји. Низ целата планета синоќа се одржуваа полноќни миси во слава на Спасителот, а традиционално главната церемонија беше во Рим каде Папата Бенедикт синоќа заедно со 36 кардинали отслужи миса која беше пренесувана во многу земји.
Во Католичката Црква во Охрид, синоќа и утринава се одржаа миси на кои се славеше Исус и неговото дело.

Божиќ се слави насекаде низ светот, а традиционално полноќна миса се одржа во Ватикан на која се обрати папата Бенедикт XI.

ohridnews