По повод Светскиот ден на инвалидите на трудот, 3-ти Декември, честитка до членовите упати Здружението на инвалидите на трудот Охрид.
Во име на Националниот сојуз на инвалидите на трудот како претседател на Здружението на инвалиди на градот Охрид им го честитаме 3-ти Декември, Светскиот ден на инвалидите на трудот на нашите членови, вели претседателот на Здружението, Климо Димоски.
Посочува дека со ова го одбележуваат денот со оглед дека во моментов Здружението нема финансиска можност да организира други активности.
Здржението во Охрид брои 1300 членови и истото се одржува од членарина. Не располагаме со простор, користиме под кирија за што плаќаме надоместок од собраната членарина. Истото е непрофитабилно и живее исклучиво од солидарниот фонд, вели Димоски.
Потсетува дека членовите на Здружението од Охрид годинава организираа Републички спортски игри со учесници од 15 здруженија во држвава на кои охридското Здружение се закити со второ место.
Здружението, додава Димоски, има склучено договор и со Специјалната болница во Демир Капија и до пред Ковид кризата активот на жени заедно со останатите членови биле вклучени со активности за собирање на облека и обувки кои потоа се доставувале во Болницата.
Н.С.Ј.