Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Охрид, на сите припадници на Професионалната противпожарна единица во Охрид, како и на сите професионални пожарникари вработени во Службата за противпожарна заштита на Аеродром „Св. Апостол Павле“ Охрид, им го честита денешниот празник, 20-ти Мај, Денот на пожарникарите на Република Македонија.
Граѓаните од Охрид секогаш со восхит и почит гледаат кон професијата и ангажманот на сите професионални пожарникари во нашиот град, кои секојдневно се подготовени да се справат со огнената стихија и другите вонредни ситуации, не ретко изложувајќи го и сопствениот живот на опасност.
На сите професионални пожарникари во Охрид им посакуваме уште многу работни успеси и постигнувања, кои се за добробит на сите наши граѓани.
СДСМ – Охрид
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com