Честитка од првиот претседател Глигоров по повод 8 септември
07.09.11 00:05
Првиот претседател Киро Глигоров упати честитка до граѓаните на Македонија по повод Денот на независноста, 8 Септември. Глигоров во честитката пишува дека одржаниот референдум пред 20 години значеше врв на борбите и стремежот на македонскиот народ за слобода и сопствена држава.
Иако меѓу последните на Балканот, како што пишува Глигоров, тоа македонскиот народ го направи длабоко свесен за сопствените права и идентитет.
– Огромно е задоволството што 20-годишниот јубилеј го чествуваме во слободна и суверена држава, национална држава на македонскиот народ и татковина на сите припадници на другите етнички заедници што живеат во државава, членка на ООН и рамноправен субјект во меѓународната заедница. Без оглед на величината и богатството, без оглед на тоа како е прифатена, дали е напаѓана или оспорувана, Република Македонија ни е една и единствена татковина. Таа е географски одредена со нејзините меѓународно признати граници. Ние немаме друга татковина. Затоа мораме да ја чуваме, да ја градиме и да се бориме за неа. Притоа е важно сите граѓани на Република Македонија еднакво да ја сакаат државата и да ја чувствуваат како своја татковина. Тоа е важна претпоставка за меѓусебно разбирање, дијалог и соработка, за меѓусебно почитување, толеранција и соживот. Таквите определби се традиционални на овие простори и се содржани како во Крушевскиот манифест, така и во асномските документи.
Уште еднаш од сè срце сакам да ви го честитам Денот на независноста на Република Македонија и да ви посакам добро здравје, семејна благосостојба и подобар живот“, се вели во честитката на првиот претседател Глигоров.
Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денес во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите го започнаа протестниот м...
Во тек се градежни активности за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ на потегот од ЕВН до Противпожарната станица Денеска се вршеше поставување на нов асфалт на коловозот, по што ќе...
По објавувањето на програмата на Фестивалот „Охридско лето 2025“ на нешто помалку од три месеци, директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски фестивалската програма ја презентира и пред делега...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.