По повод претстојните Велигденски празници за верниците од католичка вероисповед, градоначалникот Александар Петрески упати срдечни честитки до своите сограѓани католици.
– Празнувањето на овој голем христијански празник нека мине во знакот на меѓусебна почит, толеранција и просветленост на сите вас за заедничката определеност на лугето од ова поднебје кон вистинските духовни вредности и космополитски перспективи. Вашите домови нека бидат исполнети со семеен мир, духовна и материјална благосостојба, а срцата ваши нека се исполнат со љубов кон најблиските и пријателите, како и радост за празнувањето на Христовото воскресение – се вели во честитката од градоначалникот.