По повод денот на победата над фашизмот-9-ти Мај, честитка до Општинската организација на Сојузот на борците на Македонија упати градоначалникот Александар Петрески:

 Почитувани,

На овој ден во 1945 година се стави крај на најмрачното зло во историјата на човештвото – фашизмот. Во светлината на овој голем денешен празник се вградени повеќе од 55 милиони човечки животи. Во нивно име, во името на сите оние кои беа на страната на Антифашистичката коалиција, во наше име и во името на иднината без фашистички и слични зла, Ви упатувам најсрдечни честитки по повод 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот.

ohridnews