По повод празникот 8-ми септември- Денот на независноста на РМ, градоначалникот на Охрид Александар Петрески испрати честитка до граѓаните. Во честитката се вели:

„Изминаа седумнаесет години од нашата независност, во кои граѓаните на Охрид со својата работа, посветеност и љубов кон татковината ја потврдуваат цврстата верба во просперитетната иднина на Република Македонија. Локалната самоуправа во својата работа, длабоко е посветена, граѓаните на Охрид да ги уживаат сите придобивки на слободата, рамноправноста и економската сигурност. Со уверување  дека сите заедно ќе тежнееме овој ден да ни биде вековит, Ви ги испраќам моите најискрени честитки за денот на Независноста на Република Македонија, со желби за добро здравје, среќа  и личен успех.“

ohridnews