Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на Бошњачката етничка заедница во Охрид и во Република Македонија.
-Припадниците на Бошњачката заедница се значаен дел во Охрид и Република Македонија , и со одбележувањето на овој ден се афирмира идентитетот и културата на оваа заедница која е дел од нашето мултиетничко општество. Во нашиот богат и единствен мултикултурен мозаик неизбришливо е присуството на Бошњачката заедница која со својата традиција и култура го збогатува нашето секојдневие и разноликост. Бошњаците како и припадниците на останатите етнички заедници, безрезервно го даваат својот придонес во сите сфери на животот во Република Македонија со што придонесуваат за економски развој и благосостојба на државава. Нека нашето почитување и заемно разбирање, нѐ водат по патот на севкупниот развој и напредок на нашава држава, за што и понатаму ќе работиме и активно ќе придонесуваме. Независно од етничките и религиски различности сите заедно создаваме дела и вредности од траен карактер. Да продолжиме и понатаму заедно да градиме хармонија, просперитет и благодет за нас и за нашите потомци. – се вели во честитката на градоначалникот Бакрачески по повод меѓународниот ден на Бошњаците.
OhridNews