Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа.
Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ во Втората светска војна за конечно ослободување на окупираната земја.
На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани. Тоа бил почетокот на четиригодишната НОВ на македонскиот народ која заврши со успех.
Овој ден и во поранешната СФРЈ и во независна и суверена Република Македонија се одбележува и прославува како ден на востанието на македонскиот народ.
Празникот во Охрид вечерва одбележан вчера со свечена седница што се одржа во просториите на Општина Охрид.
Г.М.