Во периодот од 18.30 часот до 20 часот вчера во Охрид имаше повеќе кратки прекини во напојувањето со електрична енергија. Струјата во тие моменти буквално си поигруваше со нервите и aпаратите на граѓаните кои десетина пати се исклучуваа и вклучуваа.

Прекините во напојувањето со електрична енергија во Охрид во последно време се чести, а според упатените се должат на старата и дотраена електрична мрежа и зголемената потрошувачка.

Ohridnews